x

Пех за Милан: Се повреди Чалханоглу, не игра против Селтик

calhanoglu-e1580659117192

Плејмејкерот на италијански Милан, Хакан Чалханоглу,  го истегна левиот скочен зглоб за време на денешниот тренинг на тимот, по што морал да замине од тренинг центарот на „росонерите“ на патерици.

Според миланските медиуми, тој сигурно ќе отсуствува на мечот со Селтик во Лигата на Европа закажан за в четврток.

Според лекарите, утре ќе се направат дополнителни прегледи, кои ќе покажат колку долго ќе мора да мирува. Турскиот репрезентативец е важен дел од составот на Стефано Пиоли и за Милан ова ќе биде голем удар доколку Чалханоглу мора подолго време да остане надвор од терените.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата