Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3096 тестирања, а регистрирани се 1064 нови случаи на ковид-19, од кои само во Скопје има 541. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов во Скопје има 19736 случаи, од кои активни се 8137.

Во пет скопски општини ситуацијата е катастрофална и има повеќе од илјада заболени, и тоа во Гази Баба, Аеродром, Карпош, Центар и Кисела Вода. 

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):

• Чаир – 485

• Гази Баба – 1124

• Аеродром -1270

• Карпош – 1055

• Центар – 1026

• Кисела Вода – 1008

• Ѓорче Петров – 670

• Бутел – 420

• Шуто Оризари – 138

• Студеничани – 40

• Сарај – 100

• Арачиново -21

• Илинден – 197

• Сопиште – 64

• Чучер Сандево – 77

• Петровец –81

• Зелениково -52

• Странец – 140

• Нераспределен- 169