Луѓето веруваат во разни нешто дека ги привлекуваат парите, или па дека поради тоа парите бегаат од нив. Ви пренесуваме пет обичаи кои ги прават некои луѓе со кои сметаат дека парите ќе ги привлечат во домот.

 1. „Обојте се“

Виолетова, црвена и зелена боја ја стимулираат енергијата на благосостојба во просторот за живеење. Еден начин да се постигне ова е да ставите полускапоцен камен во овие бои во стаклен сад (поставен во југоисточниот дел на домот). Друга опција е да го насликате тој агол во една од овие бои или да го осветлите со ламба која ќе свети зелено, виолетово или црвено. Овие бои се препорачуваат бидејќи според фенг шуи помагаат да кружат пари во вашиот живот.

2. Златна рипка за злато во куќата

Аквариум со златна рипка е идеално решение за привлекување енергија и богатство, ако ја чувате во југоисточниот дел на вашиот дом. Според фенг шуи, најповолна комбинација е осум риби со златна или портокалова боја и една во црна боја. Имено, бројот осум претставува изобилство и богатство според кинеското верување. Црната риба во аквариумот треба симболично да „апсорбира“ секаков вид несреќа којашто е наменета за вас.

3. Привлечете пари со пари

Се препорачува вистински пари, како и златни предмети, да се ставаат во југоисточниот дел на вашиот дом. Сад со стари или странски монети, исто така, ќе ја зголеми енергијата која привлекува богатство. Ако имате лажни пари, задолжително врамете ги и закачете ги на ѕид! Можете исто така да користите пари од социјална игра, како што е монопол. Ставете ги во сад и менувајте ги банкнотите од време на време. Циркулирачките пари, дури и лажните, ќе привлечат богатство во вашиот дом.

4. Исфрлете ги „мртвите“ цвеќиња

Красула, исто така познато како јапонско дрво, се смета за растение на парите според античката кинеска уметност за просторно планирање. Ставете го садот во југоисточниот агол на домот и грижете се за растението. Редовно наводнувајте, отстранувајте ги исушените лисја и доколку е потребно, сменете ја почвата … Во случај да умре вашето јапонско дрво, задолжително заменете го со ново. Исушени цвеќиња или исушени гранки воопшто не се препорачуваат, бидејќи тие испуштаат мртва енергија и привлекуваат лоша среќа.

5. „Прочистете“ се од нечие богатство

Поставете фотографии од богати и успешни луѓе, фигури, накит или уметнички дела кои симболизираат богатство и луксуз во југоисточниот дел на вашиот дом. Постојат неколку симболи кои привлекуваат богатство, а ваше е да изберете – тоа може да биде модел на луксузен автомобил, слика на луксузна вила, фигура на дрвен брод што ќе го наполните со накит или пари, па дури и фотографија на човек кој се искачува на највисокиот врв во светот. .. Се што мислите дека значи „да имате сè“ влегува во игра.