Центарот за јавно здравје Куманово во последниве 24 часа евидентира  пет новозаболени лица од Ковид-19, четири од Куманово и еден пациент од Липково, соопштија, денеска надлежните од јавната здравствена установа. Министерството за здравство соопшти дека 68 годишна пациентка починала во амбуланта на Инфективната клиника.

– Сите новозаразени веќе имале контакти со претходно заболени лица, изјави директорот на Центарот, д-р Ариф Љатифи.

Денеска се направени 65 тестирања од кои по 17 по „Мој термин“ и 48 епидемиолошки тестови.

Од почетокот на пандемијата во кумановско-липковскиот регион, ковид дијагностицирани се 1.379, а во моментов активни се 340 случаи.