Судот во Сараево вчера го осуди поранешниот член на Претседателството на БиХ, Драган Човиќ на пет години затвор поради злоупотреба на службена должност и вмешаност во организиран криминал. Човиќ, кој е претседател на хрватското ХДЗ за БиХ, се товари за финасиски злоупотреби и даночна измама во периодот од 1998 до 2000 година, кога ја извршувал функцијата министер за финасии на муслиманско-хрватската Федерација БиХ.