Нов случај на коронавирус е регистриран во Србија. На сајтот Ковид19.рс е објавено дека до 18 часот во Србија се регистрирани пет случаи на заразата на коронавирус.

До 18 часот во националната референтната лабораторија на Институтот Торлак се тестирани 117 лица, кои ги исполнувале критериумите на дефиницијата на случаите.

Владата на Србија одржа состанок на кој се донесени мерки поради коронавирусот, а издадени се и препораки за училиштата и градинките.

Премиерката Ана Брнабиќ најави состанок во Претседателството на Србија со епидемиолозите, лекарите како и со министерот за образование.

Петото лице во Србија се заболело од коронавирус од истиот извор како и две девојки од Белград, кај кои претходно беше откриен вирусот, пишува „Новости“.

Се работи за маж од Белград, кој исто така бил во контакт со жената од Швајцарија. Таа престојувала на гости во Белград.

извор: Makfax