x

Петр Чех: Руни за мене беше најтежок противник

Откако ја заврши исклучително богатата и пред се долга фудбалска кариера, Чешкиот голмански великан Петр Чех се присетува на играчките денови, кои и не се така далечно минато и го нотира Вејн Руни како негов најтежок противник.

„Вејн Руни дефинитивно е најтешкиот ривал со кој сум се соочил. Тој е исклучително непредвидлив, итар, брз, силен, тешко беше да се процени што ќе направи. Можеше да шутира од половина терен и да погоди. Исклучително тежок и незгоден противник“ – изјави екс голманот на Арсенал и Челзи во интервјуто за клупскиот сајт на тимот од Стенфор Бриџ.

За Вејн Руни пак ова е само уште една потврда и тоа од сериозен фудбалски авторитет, дека неговиот начин на игра, борбеноста, давањето 100% на секој меч е ценет момент и затоа напаѓачот ден денес е активен во дресот на Дерби Каунти

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата