Актерот Ванчо Петрушевски се здобил со струен удар додека работел качен на метална скала со електричен заварувач. По ударот Петрушевски починал на самото место, соопшти МВР.

Македонскиот актер и доајен на Драмскиот театар почина на 67-годишна возраст.

Ванчо Петрушевски веднаш по завршувањето на Високата музичка школа, отсек за актерски кадри во Скопје во 1975 година се вработил во Драмскиот театар во Скопје, каде неговиот раскошен талент го истакнал веќе во првата претстава „Ослободување на Скопје“ од Д. Јовановиќ.

Учествувал во голем број радио-драмски проекти, телевизиски драми и серии. Добитник е на голем број награди.

Комеморација за Петрушевски е закажана за в понеделник.

извор: Makfax