Денес пратеникот Бране Петрушевски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на седницата на Комисија за финансирање и буџет го праша министерот за финансии дали и тој како Нина Ангеловска бил запознаен со пропаѓањето на Банката.

„Во оваа надзорна расправа за случајот „Еуростандард“, цениме дека вашето искуство како министер за финансии, економист, функционер може да даде дополнителен инпут во работава на надзорната расправа од што би произлегле и некои ефикасни заклучоци“, појасни Петрушевски.

Петрушевски до министерот постави неколку прашања, од кое едното беше дали гувенерката на Народна Банка Бежоска ве информира за состојбата со банките и банкарскиот систем во државата.

„Ова прашање ни е многу битно, бидејќи доколку биле запознаени како претходен министер за финансии Нина Ангеловска, можеби немало да има постапување како што имала во јавноста, или постојат одредени индиции за некакво затскривање на активностите кои што ете во оваа надзорна расправа и те како постојат од аспект на незаконско постапување. Посебно на денот на штедачите 31.10.2019 година тогашната министерка за финансии ја уверила јавноста дека банкарскиот систем  бил стабилен, и дека граѓаните можат да веруваат во банкарскиот систем, а предмалку слушнавме од Блажо Трендафилов, директорот на управата за финансиско разузнавање дека и те како постоеле сомнителни финансиски активности во оваа банка во врска со перење пари, со ризни недозволени активности што го поткопало банкарскиот систем во држават“, истакна Петрушевски.

Петрушевски посочи дека поради одредени нелегални активности на владата денес имаме банка во стечај и изневерени штедачи.

„А, Вас како сегашен министер би сакал да ве прашам дали сметате од морално етнички аспект дека еден министер за финансии ја злоупотребил позицијата министер за финансии, преку информациите што ги добивал од Гувернерот на Народна Банка за извлекување на своите лични заштеди? А, со тоа се злоупотребува позицијата министер за финансии“, заклучи Петрушевски.