x

Петања потпиша за Наполи, но останува во Спал

Напаѓачот на Спал, Андреа Петања, го комплетираше својот трансфер во Наполи. Играчот од нападот, сепак, ќе го носи дресот на „Наполитанците“ од идната сезона.

Оваа сезона до крајот ќе ја мине како позајмен фудбалер во Спал, а потоа ќе се пресели во Неапол, каде ќе почне да го одработува петгодишниот договор кој го потпиша денеска.

Наполи го плати Петања 17 милиони евра, плус бонуси.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата