Петар Богојески од новата политичка платформа „Македонски концепт“ во интервју за бугарски Фактор вели дека бугарскиот јазик во Македонија треба да  биде службен јазик, за да може македонските Бугари да се обратат на мајчин јазик и на тој јазик да добијат одговор.

„Македонскиот и бугарскиот се два клона на едно исто стебло, наследници на еден ист св. Климентов јазик. Голем грев правиме и ние и вие пред споменот на Св Климент Охридски. Треба да истакнам дека македонските преродбеници не носат вина за решението на државните органи на Бугарија да прогласат официјален литературен бугарски јазик, целосно базиран врз источната јазична норма, игнорирајќи ја западната’, вели Богојески.

Тој посочи дека тие од „Македонски концепт“официјални јазици да бидат сите јазици кои граѓаните ги препознаваат како мајчин јазик, плус англиски.

„На тој начин, доколку македонските Бугари ако декларираат дека е неопходно, тогаш во Македонија може да се воведе како службен јазик и бугарскиот.  Ние сметаме дека ако еден граѓанин се обрати на државата на бугарски, редно е да добие и одговор на бугарски, плус македонски, заради понатамошна административна употреба на одговорот. Тоа се однесува на сите јазици. Нема да има спор за официјалниот јазик од територијата на Македонија или во целата држава.“ вели Богојески.

Според Богојески терминот „заедничка историја“ ја исклучува можноста да биде украдена историјата, младите луѓе да ја учат од автентични историски докази и автори и додава дека бугарските граѓани треба да разберат дека никој од Македонија не им ја краде историјата затоа што историјата на Бугарија е и македонска.

„Историјата на Македонија е македонска, за неа животот го положиле илјадници Бугари, а историјата на Бугарија е бугарска, но и во  неа животот го дале илјадници Македонци. Тоа е како испредена волна не можеш да ја разделиш.“ рече Богојески.

Тој истакна дека неговата нова платформа „Македонски концепт“ е поддржана од голем број на македонски Бугари.