Песочна бура го погоди рускиот град Таганрог, додека во областа Ростов, реката Дон и Таганрогскиот Залив станаа плитки, пренесуваат руските медиуми. Како што се додава, силниот ветер предизвикал различни последици.

„Таганрогскиот Залив повеќе го нема. Таганрог е покриен со четири метри песок. Не знам, можеби и повеќе“, вели еден локален жител кој објави видео на социјалните мрежи.

„Бродовите се на копно, а мештаните возат автомобили како на сафари“, објавија некои руски медиуми.

Причина за невремето бил силен источен и североисточен ветер, кој водата од реката ја истуркал кон Азовското Море. Брегот се поместил за речиси 100 метри.

Втор ден по ред, жителите на Таганрог мора да носат маски, а многумина се жалат дека тешко дишат.

Според локални експерти, водата ќе се врати кога ветерот ќе го смени правецот, а тоа се очекува да се случи за една недела.

извор: Makfax