x

Периќ не заминува веднаш од Вардар 1961 (ФОТО)

peric-1-e1605273889452

Дејан Периќ ќе замине во историјата на Вардар 1961, но не веднаш. Тренерот на голманите на „црвено-црните“ се сели во Германија во тимот на Берлин, каде настапува екс-вардарецот, Дејан Милосављев.

Заминување на Периќ ќе се случи подоцна, Иако нема официјална информација од клубот, ниту потврда и покрај обидот да дознаеме што се случува, најверојатно Скопје ќе го напушти по завршувањето на првиот дел од сезоната.

Тој денеска беше на утринскиот тренинг на Вардар 1961 и работеше со голманите, ги правеа последните подготовки пред дуелот со Келце закажан за во четврток во СЦ „Јане Санандански“.

Периќ во таборот на Вардар дојде во 2018 година, ќе биде запаметен по успешната работа со сите голмани, од Милосављев до Кизиќ, Калифа Гедбан.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата