Првиот човек на актуелниот светски клупски шампион, тимот на Реал (М), Флорентино Перез, сака во новата клупска сезона на располагање да ги има и услугите на стандардниот првотимец во редовите на италијанскиот калчо гигант Јувентус, Леонардо Бонучи.

Претседателот на “кралскиот клуб” е убеден дека се потребни околу 60 мил. евра за да се осигураат услугите на репрезентативецот на Италија.

Шпанскиот гигант е во потрага по нов дефанзивец кој ќе биде замена за португалскиот интернационалец Пепе, кој си заминува од “Сантијаго Бернабеу” на крајот од актуелната сезона.