Американците се откриле. Не цела деценија после ликвидирање на некогаш најбаран светски терорист, американскиот документарец “Скриениот хард диск на Бин Ладен“ кој ќе се прикаже на 10. септември открива дека Осама користел порно содржини за испраќање кодирани пораки и упатства на следбениците. На тоа укажува и огромна колекција на порно содржини кои американските трупи ја пронашле во пештерата недалеку од местото каде што терористот е ликвидиран во 2011 година.

Во документарецот се тврди дека Бин Ладен во своето скривалиште биле уште со 22 луѓе од кои барем еден направил колекција од 470.000 фајлови со порно содржина.

Бидејќи Бин Ладен немал доверба во испраќање по електронска пошта, нити пораки преку курири, се верува дека пораките биле скриени во порно филмовите.

Неколку дена во очи одбележување на 11 септември, кога во 2001 година терористите го нападнале Њујорк и Вашингтон, внука на Бин Ладен кој своевремено ја обучувале Американци, го подржала Доналд Трамп за претседател на САД, и покрај верувањето дека тој наредил убиство на нејзиниот роднина, синот на Осама, Хамзе бин Ладен минатата година на граница помеѓу Пакистан и Авганистан.