x

Пеп џентламенски: Тие заслужија да бидат шампиони

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола џентламенски го поднесе поразот од Челзи и официјализацијата на титулата за екипата на Ливерпул.

По натпреварот во Лондон, Пеп зборувајќи за BBC Radio 5, им честиташе на „црвените“ за трофејот изјавувајќи дека тие имаат фантастична сезона.

„Тие заслужија да бидат шампиони. Одиграа неверојатна сезона. Пред две сезони имавме 100 бода и имавме 25 повеќе од нив. Минатата година тие не бркаа, но оваа сезона успеаја. Честитки за нив, и секако за нас ова е лекција од која треба да учиме за следната сезона“, рече Гвардиола.

Манчестер Сити изминативе две години освоија две шампионски титули.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата