x

ПЕП СТАВА КРАЈ НА ГЛАСИНИТЕ: Останувам во Сити што е можно подолго

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, јасно стави до знаење дека сака да продолжи да го води клубот и со тоа да им стави крај на сите шпекулации дека ќе го напушти тимот пред да му истече договорот во 2021 година.

48-годишниот стратег во летото 2016 година се пресели во Англија, каде имаше одлични резултати со „граѓаните“.

„Мислам дека во фудбалот година и пол е премногу време за менаџер. Ние ќе мора да видиме како ќе поминат работите во овој период и што може да се случи. Го кажав тоа многу пати и ќе го кажам повторно. Јас би сакал да останам овде што е можно подолго“, вели Пеп.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата