x

Пеп обезбеди ново шпанско засилување: Феран Торес се договори со Манчестер Сити!

Манчестер Сити постигнал договор за уште едно ново шпанско засилување. Како што објави „Евроспорт“, крилниот напаѓач на Валенсија, Феран Торес, ќе биде првото летно засилување на „Етихад“.

Торес имал договор со Пеп Гвардиола, откако разговорите за обновување на договорот со Валенсија завршиле без успех. Претставниците на крилниот напаѓач на Валенсија се сретнале вчера и постигнале договор за долгорочна соработка, со што Торес дефинитивно ќе биде замената за Лерој Сане, кој го напушта тимот на Пеп Гвардиола.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата