x

Пеп има понуда која не се одбива: 100 милиони годишно за Меси ако дојде на „Етихад“

messi-pep

Манчестер Сити за двојно ја зголеми понудата за аргентинскиот напаѓач од екипата на Барселона, Лионел Меси. Откако пред некој ден медиумите соопштија дека Меси добил понуда за 5-годишен договор со Манчестер сити вреден 50 милиони евра по сезона, сега новинарот Танкриди Палмиери тврди дека „Граѓаните“ ја зголемиле понудата на 100 милиони евра годишно, или петгодишен договор вреден вкупно 500 милиони евра.

Според изворот во платата на играчот се вклучени и даноците. Планирано е напаѓачот да игра за „граѓаните“ три години, а потоа да се пресели во Њујорк Сити, кој е под управа на сопствениците на Манчестер Сити. Аргентинецот ќе може да добие и бонус за потпис кога ќе се пресели во Њујорк Сити. Ова ќе му овозможи на Манчестер Сити да избегне проблеми со финансискиот фер-плеј. Така, вкупната цена на транзиција на 33-годишниот Меси ќе изнесува 750 милиони евра.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата