x

Пеп добива што ќе посака!

pep-za-mesi-i-tiago

Пеп Гвардиола ќе го добие посакуваното засилување. Откако минатата сезона ја „прокоцка“ поради „дупка“ во одбраната, оваа сезона нема да го има тој проблем.

Стратегот на Манчестер Сити добива се што ќе посака. По Нејтан Аки, во следниот период и официјално ќе биде потврден Рубен Дијас, челниците на клубот платија 55 милиони евра, и го дадоа Николас Отаменди кого го проценија на 25 милиони евра.

Дијас синоќа го одигра последниот меч во дресот на Бенфика, тој веќе е на пат кон Англија. Тој утре треба да ги мине лекарските преглди, а потоа да стави потпис на договорот со важност до 2025 година.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата