Идниот тренер на Баерн (Минхен) Јосеп – Пеп Гвардиола планира сериозни трансфери на лето. “Пунто Пелота” објави дека Гвардиола сака да го врати во Германија полудефанзивецот на Реал (Мадрид) и германската репрезентација Месут Озил.

Агент на Озил е неговиот татко, а освен тоа Гвардиола смета и на советите на својот брат Пер.
Поранешниот тренер на Барселона Јосеп Гвардиола ќе застане на чело на Баерн (М) од следната сезона.

Младиот шпански стручњак потпиша договор со германскиот гигант до 2016 г. Трофејниот 41-годишен Гвардиола, кој со Барселона два пати ја освои Лигата на шампиони, ќе го смени на функцијата Јуп Хејкенс,чиј договор со Баерн му истекува на лето.