x

Пеп: Агуеро има отечено колено, затоа го нема во тимот

agu

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, по денешната убедлива победа над Барнли од 5:0, запрашан зошто во тимот го немаше Агуеро кој имаше најава дека е опоравен од повредата, потенцираше дека Аргентинецот се уште се мачи со повредата.

„Серхио Агуеро има отечен колено. Но, има надеж дека утре ќе може да се врати на тренинзи. Имаме три дена да се подготвиме за следниот натпревар. Мора да се подготвиме за натпреварот со Порто во Лигата на шампионите за да се натпреваруваме за првото место во групата“, вели Гвардиола.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата