Многумина скептици не веруваа дека македонскиот машки првак Металург лесно ќе се справи со португалскиот шампион на реваншот во Брага, и ќе успее првпат во својата историја да игра во Лигата на шампионите. Меѓутоа, тоа се случи, металурзите не само што победија поубедливо отколку на првиот дуел во “Калеè, туку во вистински смисал го “преслушааè реномираниот противник. Радоста и задоволството од успехот во клубот се уште не стивнуваат, но Управата и спонзорот веќе ги “засукаа ракавитеè и размислуваат за следната фаза натпревари, во “Дè групата во ЛШ, каде Металург го очекуваат европските гиганти, германскито Флензбург, рускиот Чеховски Медведи и хрватскиот Загреб. Противници за почит, но чест е за еден ваков млад колектив да игра со екипи кои многу значат во ракометна Европа.
Најавата дека по напуштањето на Србинот Јовица Цветковиќ, кој како да се “уплашиè да ја води екипата во ЛШ, ќе има нов Стручен штаб, се обистинија. На синоќешниот состанок Управата на клубот требаше да го промовира Пепи Манасков, легендата на македонскиот ракомет за шеф на Стручниот штаб, а негов помошник да биде младиот, но веќе стручен и амбициозен тренер Андон Бошковски.
Што го очекува Металург во “Дè групата, во конкуренција на Флензбург, Чеховски Медведи и Загреб? Ќе биде пеколно тешко. Ова е тешка група, со екипи кои се во самиот европски врв. Германскиот Флензбург е тим на Скандинавци. Најмногу ги има од Данска, а од составот имињата на Болсен, Кристијансен, Кнутсен, Стротер, Швеѓањецот Врањеш, Хрватот Лацковиќ, Пољакот Лиевски… се играчи од светски калибар. Флензбург е вицешампион на Германија, а пред неколку сезони загуби од Цеље во финалето на ЛШ. Рускиот Чековски Медведи од Москва, поранешна ЦСКА, е речиси комплетната репрезентација на Русија. Ги имаа 11 – Колчибурин, Чипурин, Ростоворцев, Иванов, Филипов, Пешков… а тренер е прославениот Максимов, селектор на Русија. Загреб, поранешниот двоен европски првак во меѓувреме се засили со голманот Шола, потоа од Монпелје дојдоа двајца Французи, Санија од Стеауа… Ќе биде тешко, но во Металург велат дека “скапо ќе ја продадат кожатаè.

Вилизар ПАВЛОВ