x

Пентиро до 31. победа во Светкиот куп и 15. во велеслалом

pentiro

Алекси Пентиро им се врати на победите. Францускиот скијач триумфираше во велеслаломот во италијанската Алта Бадиа што е негов втор триумф сезонава во Светскиот куп по оној во паралелниот слалом во австриски Лех на почетокот на сезоната.

Најдобриот француски скијач во Светскиот куп оствари време од 2:27.19 што е за седум стотинки подобро од она на Норвежанецот Атле Ли Мек Грат кој заврши на втората позиција. Третото и четвртото место го освоија Швајцарците Џастин Мурисер (+0,24) и Марко Одермат (+0,28). Петтата позиција му припадна на Американецот Томи Форд (+0,41).

За Пентиро ова е 31 победа во Светскиот куп и 15-та во велеслалом.

Утре во Алта Бадиа е слаломот, а задутре караванот оди во Мадона ди Кампиљо за да комплетира уште едена слаломска трка.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата