Златко Пенков, Пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната надзорната расправа за случајот со Еуростандард Банка рече дека го слушал обраќањето на Глигор Бишев кој е личност кој има искуство во делот на банкарството кој во моментов е  прв човек на Шпаркасе Банка, а беше и прв човек на Стопнаска банка, потоа околу три години и заменик гувернер на Народна банка на Република Македонија. Пратеникот Пенков посочи на укажување на Бишев дека сака да даде свој придонес во расветлувањето на причините кои доведоа до пропаѓање на Еуростадард Банка. Одовде пратеникот Пенков постави неколку прашања.

-Првото прашање е во делокругот на вистината, а вистината мораме да ја знаеме од аспект на штедачите кога и на каков начин ќе бидат обештетени, тоа е моето прво прашање. Секако дека они се најважни во цела оваа гужва што настана околу Еуростандард Банка. Второто прашање е во овој дел кој што потекнува од супервизорската активност на Нардоната Банка, тоа е регулаторно тело. Од аспект на супервизорските органи тоа значи колку банки биле под аминистрација пред да се затворат, дали имате таков податок? И на крајот бидејќи се работи за огромни суми на пари, се работи за огромен капитал,а во излагањата од претходните говорници овде слушнавме дека станува збор за потенцијален криминал од невидени размери поставувавм прашање дали сметате дека треба да постои одговорност?, праша пратеникот Пенков.