Славната актерка Пенелопе Круз го шокирала светот, изгледа најмногу досега, со оваа драстична промена.

Една од најубавите жени во светот, актерката Пенелопе Круз, го шокирала светот кога се појавила во јавноста како вистинска блондинка.

Убавата Пенелопе целиот живот била бринета, не правела драстични промени на фризурата, ниту на бојата на косата. А сега…како русокоса малку кој би ја препознал.

Сепак, иако на многумина им се допаѓа како секси блондинка, промената не е трајна. Пенелопе носи перика која е одлично вклопена со шминката и тенот, а драстичната промена на имиџот е потребна за толкувањето на ликот на Донатела Версаче во третата сезона од серијата “American Crime Story”; посветена на историјата на славното семејство.

Серијата би требало да се прикажува од 2008. година, а малата промена, барем на кратко, изгледа и се допаднала и на самата Шпанка.

Инаку, ова не е прв пат славната актерка драстично да се промени поради улога. Вака изгледала минатата година, во текот на ангажманот во филмот “Ma Ma”.