Претседателот Стево Пендаровски, утре во 12 часот, мандатот за состав на Владата на Република Северна Македонија ќе му го довери на Зоран Заев, претседател на СДСМ и пратеник во Собранието на Република Северна Македонија.

Зоран Заев, во име на коалицијата ,,Можеме”, којашто има освоено најголем број пратенички мандати во Собранието, го информираше претседателот Пендаровски за преговорите со повеќе партии за обезбедување на неопходното мнозинство во Собранието за избор на владата, се наведува во соопштението од кабинетот на претседателот.

извор: Makfax