Претседателот Стево Пендаровски, денеска, ги прими членовите на новиот состав на преодната Влада за спроведување избори на пратеници.

Пендаровски го честита изборот на новиот владин состав и изрази очекување во овие историски моменти за нашата држава кога треба да се заокружи полноправното членство во НАТО и да се одреди датум за почеток на пристапните преговори со Европската Унија, да го потврдиме демократскиот капацитет на Северна Македонија и да се спроведат предвремените парламентарни избори во фер и демократска атмосфера.

извор: Makfax