Претседателот Стево Пендаровски ги повика лидерите на најголемите партии во власта и опозицијата, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, уште денеска да се сретнат и да најдат излез околу несогласувањата во врска со датумот на изборите.

„Сакам да упатам јавен повик до претседателите на најголемата партија во власта, Зоран Заев и најголемата опозициска партија, Христијан Мицкоски, да седнеме уште денеска и да најдеме излез од оваа ситуација, со ставање на државните интереси над личните и партиските“, рече Пендаровски.

Во спротивно, додаде Пендаровски, би можело државата да биде втурната во политичка криза што би ја загрозило европската перспектива и напорите за надминување на корона кризата.