Претставничкиот дом на САД ќе продолжи со истрагата за доказите за импичментот на претседателот Доналд Трамп, рече претседателката Нанси Пелоси.

„Нашата демократија е она што е во прашање, претседателот не остава друг избор освен да дејствуваме“, рече таа.

Пелоси зборуваше еден ден откако Судскиот комитет во Домот започна да ги разгледува можните обвиненија против претседателот на Републиканците.

Трамп им порача на демократите да забрзаат, ако сакаат да го извршат импичментот.

„Ако ми се заканувате, направете го тоа сега, брзо, за да можеме да имаме фер судење во Сенатот, и за да може нашата земја да се врати на деловна активност“ Трамп напиша на Твитер, непосредно пред забелешките на Пелоси.

извор: Makfax