Струмица и стадионот “Младост” ја имаат таа чест, денеска (17:00 ч.) да бидат домаќини на јубилејниот 25. финален натпревар од Купот на Македонија.

На само еден чекор од посакуваниот пехар се фудбалерите на Шкендија и на Пелистер, а победникот од овој натпревар вторпат во клупската историја ќе го подигне драгоцениот трофеј.

Тетовскиот прволигаш важи за фаворит најмногу поради фактот дека во актуелната сезона, Шкендија и Пелистер одиграа три првенствени натпревари и трите завршија со триумф на “црвено-црните”.

Јасно е дека ние сме во мала предност. Ако има потреба да се потенцира, тогаш од финалнистите, Шкендија важи за фаворит на хартија. Сепак очекувам големо и неизвесно финале. Пелистер е дел од финалниот натпревар и тоа покажува дека имаат амбиции. Не криеме дека сакаме реприза од лани и дека сакем да го задржиме трофејот уште една година во нашите витрини. Ќе бидеме блиску до посакуваната победа ако одиграме како што знаеме, изјави повремениот репрезентативец на Македонија, Бесарт Абдурахими.