x

Пелистер со нова „стотка“, дебитантот без шанса

igor-kesar-pelister

Пелистер ја оправда фаворитската улога против Црн Дрим, на гостински терен славеше со 70-102 за четврта победа во исто толку одиграни натпревари во Првата лига.

Битолчани запишаа нова стотка, а сите дилеми на оваа средба ги решија уште во првата четвртина, поведоа со 15-31, на одморот беше 33-54. Сликата на теренот не се промени, кошаркарите на Пелистер доминираа, на другата страна дебитантот беше немоќен.

Кесар со 26 поени и 6 скока беше прво име, зад него беше Малешевиќ со 20 поени. Трајковски беше стрелец на 13 поени и 6 скока. На другата страна Клусен имаше 16 поени.

ПРВА ЛИГА – МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 9. КОЛО

Црн Дрим Грин мобиле – Пелистер  70:102

Академија ФМП – ТФТ    87:75

Гостивар – Вардар           91:53

ОДЛОЖЕНИ НАТПРЕВАРИ

Куманово 2009 – МЗТ Скопје Аеродром

МЗТ Скопје Уни Банка – Работнички

Еуро Никел 2005 – Кожув

ФОТО: КФСМ

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата