Фудбалерите на Пелистер, предводени од стратегот Зоран Штерјовски, зимските подготовки ќе ги стартуваат на 13 јануари. Е сега дали стартот ќе биде „баксузен“ или не, останува да се види. Инаку битолските „зелени“ до почетокот на пролетниот дел од Втората лига – запад, ќе одиграат повеќе пријателски натпревари.
Интересно е тоа што сите тие зимски „тестови“ ќе бидат со екипи од источниот дел на второлигашката конкуренција. Веќе на 21 јануари ќе се игра со Тиквеш, а потоа ќе се одмерат силите и со Беласица, Брегалница, Кит Го. Договорена е средба и со прволигашот Струга Трим Лум.