Сите оние кои сакаат да го посетат ова место каде се наоѓа реконструираната спомен- соба од Второто заседание на АСНОМ во 1944 година од манастирот Прохор Пчињски, ќе најдат само затворена врата, чувар кој нема овластување да ви отвори и работници на “Бетон”, кои работат на околните објекти на рекреативниот центар, што е во изградба. Може да се погледне и прекрасниот мозаик на уметникот Рубенс Корубин, на кој се наоѓаат симболите на Македонија. Тука е и реката Пчиња, детско игралиште, но музејот и с&”238; во него за многумина кои би сакале да го посетат ова место, се недостапни. Дали Пелинце ќе остане затворено до август 2005 година и ќе се отвора само за таа пригода? Деновиве има најави за ученички екскурзии до Пелинце (за цена од околу 300 денари ). Значи децата ќе им раскажуваат на родителите што виделе во Пелинце, а тие ќе чекаат на 2 август 2005 да видат дали навистина било така.