x

Пеле му честиташе на Меси: Ти се воодушевувам, нашите приказни се реткост

mesi-i-pele

Барселона оваа сезона игра очајно под водство на Роналд Куман, но тоа не го спречи Лионел Меси да се запише во историјата, откако го постигна 643. погодок за каталонскиот гигант го стигна легендарниот Пеле по бројот на дадени голови во дресот на еден тим. Сега го дели само еден гол за да го престигне легендарниот фудбалер, кој му го честиташе ова остварување.

„Кога твоето срце е полно со љубов, тешко е да се промени патот. Знам како е да се носи ист дрес секоја ден. Исто како и ти, знам дека ниту едно место не е така добро како она во кое се чувствуваш како дома. Ти честитам за овој историски рекорд Лиоенл. Ти честитам на прекрасната кариера во Барселона. Приказните како нашите, да го сакаме тимот толку долго, за жал се реткост. Ти се воодушевувам“, пиша Пеле, кој во периодот од 1956 до 1974 го носеше дресот на Сантос, за кого постигна 643 гола.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pelé (@pele)

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата