x

Пеколно деби за Тошевски и пораз дома од Зенит!

tosevski-zenit

Ако пред три години го гледаше Зенит на скопската Арена на дуелот со Вардар, вечерва Давид Тошевски играше против рускиот првак! Младиот голгетер ги одигра првите десетина минути за својот нов клуб Ростов во рамките од второто коло од шампионатот на Русија.

Тошевски вечерва беше последниот адут на Ростов и тренерот Валериј Карпин. Беше уфрлен во игра во 85. минута од натпреварот при 0:1 за гостите. Сепак до крајот на мечот нашиот 19-годишен шпиц не влезе во гол шанса а гостите од Санкт Петерсбург во 89 минута постигнаа уште еден гол со кој ја заверија победата од тешкото гостување.

Ростов во премиерното коло славеше на гости но ете сега е соочен со пораз и тоа од најсилниот клуб во лигата. Давид Тошевски бтрзо влегува во тимот и добива шанса. Тоа е доказ дека Карпин верува во неговите квалитети иако до птред некој месец ова момче играше во шампионатот на Македонија. Ова е само почеток! Давид има отворени порти да стане голем играч!

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата