Џери Циро Учи од Вермонт, САД објави фотографии од својот стан на Фејсбук, откако неговите станари го напуштиле станот кој им го изнајмувал.

Го изнајмував овој стан на едно семејство шест месеци. Барав препораки и ги проверив и се изгледаше прекрасно. Кога излегоа, бев пречекан со штета од 10.000 американски долари за станот. “, рече Џери

Тој додава дека сумата потоа се зголемила и испаднале 15.000 долари.

Тие ги чуваа животните затворени во станот со денови. Во станот извршувале физиолошки потреби, толку многу  што почнало да тече во станот под него, најдов животински измет во секоја просторија и неколку фекалии намачкани на ѕидот.“ вели Џери

Тој посочува дека нема мебел кој не го насликале децата, а да не зборува за инсекти кои не се знае ни бројот.

 Мириса на штала и се прашувам дали и како некогаш ќе го исчистам тој мирис. Инаку, јас не би објавувал слики како ова, но бидејќи луѓето постојано се бунат заради барање на депозити препораки, еве го одговорот зошто тоа се случува“, рече тој.