x

ПАЦИЕНТ СИ Е ПАЦИЕНТ: Вардар му одржа лекција на Фленсбург за прва победа во ЛШ

stoilov-e1602792104132

Вардар 1961 го запиша првиот триумф во Лигата на шампионите, на домашен терен го совлада старо добро познатиот пациент Фленсбург со 31-26 (17-15) во блескаво издание на капитенот Стојанче Стоилов. Актуелниот европски првак на дело покажа зошто не треба да се потцени, непобедливиот бундес-лигаш падна во Скопје и тоа пред празни трибини, а момците во „црвено-црно“ покажаа дека цврскиот карактер, нивната желба, борбеност и оваа сезона ќе ги краси.

Вечерва видовме добра одбрана, уште подобра организација во нападот, брзата транзиција на противникот беше сопрена, а Фленсбург остана пациент.

Стоилов со осум погодоци од десет обиди беше прв стрелец, зад него беше Јотиќ со пет гола.

Избраниците на Стевче Алушовски добро одиграа во првото полувреме, имаа шанса да го завршат со предност од четири гола, но пред самиот крај примија два гола. Фленсбург отвори силно со два гола, но следеше серија од 4-0 на македонскиот клуб (Дибиров два погодоци, по еден Вујин и Дисингер) за 4-2.

Не застанаа „црвено-црните“ во 13. минута со погодокот на Чупиќ од седум метри, за првпат поведоа со плус три 8-5. Оваа позитива ја одржуваа до 15. минута, гостите со серија од 3-0 набрзина израмнија на 10-10.

Алушовски повика тајм-аут, кој пак брзо вроди плод. Чупиќ одлично ја одбработи договорената акција за 11-10. Со нова серија од 4-0 (два гола на Талески и еден Јотиќ), Вардар се искачи на 15-11, позитива која ја имаше пред самиот крај 17-13. Две грешки на крајот ја стопи позитивата на 17-15 на одморот.

Германскиот тим израмни на 17-17, но Вардар брзо ги среди редовите, во 43. минута поведе со 23-20 со погодокот на капитенот, Стоилов. Токму тој беше на ниво на задачата во овој период, белскаше Столе, ја одржуваше позитивата од четири гола (25-21).

Добрата игра на „црвено-црните“ им донесе позитива од 27-22 на девет минути до крајот. Не дозволија ракометарите на Вардар пионакво сценаријо, ги одбранија двата бода и на крајот сосема заслужено се радуваа.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата