Атлетичарот од Јамајка, Асафа Пауел на митингот од серијата на Голема Златна лига во Цирих, трет пат во кариерата, втор пат годинава 100 метри истрча за 9,77 секунди со што го изедначи светскиот рекорд. Второто место на најкусата патека го освои Тајсон Геј од САД со 9,84, а трет беше Леонард Скот (САД) со 9,97сек.
Пауел трчаше 9,77 лани во Атина и во јуни годинава во Гатштад.