“Преку 30 до 40 сметки – “мајки” расштркани низ целиот свет поминале меѓу 300 и 500 милиони долари наменети за купување оружје во воените години, а сите пари доаѓаа од буџетот на Хрватска, од донации во дијаспората и од продажбата на државните станови”- изјави Тереза Барбариќ, некогашна блиска соработничка на уапсениот генерал Загорец, а денес еден од двата крунски сведоци во истрагата протв истоимениот генерал, обвинет за манипулација со парите наменети за одбрана на Хрватска.

“Тоа беше игра на хоботница. Се одеше преку генералот Загорец, но со знаење на државниот врв. Милони марки се уплатуваа на различни сметки во Аргентина, Израел, Швајцарија, Унгарија… Начелно, се беше наменето за одбрана на Хрватска, а фактурите се назначуваа за купување земјоделски машини и друго. Туѓман никогаш не беше потписник, а сите сметки не одеа во Министерството за финансии, туку директно кај Гојко Шушак во Министерството за одбрана”- објаснува Барбариќ.

Во своето прво интервју за хрватската јавност таа не ги откри сите работи, бидејќи статусот на крунски сведок ја обврзува на тоа. Сепак, таа додаде дека уредно ги извршувала сите налози и уплатувала дознаки на бројни сметки, но никогаш не знаела во корист на кого и на кој износ!? Таа открива и еден куриозитет дека генералот Загорец, како вљубеник во автомобили, на дел од сметките што ги отворал им давал имиња на луксузни возила.

На крајот Барбариќ го искажа своето мислење дека Загорец вака завршил, бидејќи тоа што го земал не го делел со своите соработници!