Патот Куманово – Крива Паланка е затворен за сообраќај поради сообраќајна несреќа.

„Од 17 часот, поради случена сообраќајна незгода, сообраќајот на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, на излез од Куманово, е затворен во двата правци“, информира АМСМ.

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива без забрани, по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

извор: Makfax