Патнички воз излета од шините утрово во барската населба Шушањ – Зелен појас во Црна Гора.

Несреќата се случила кога задниот вагон се лизнал, а екипите на Железницата во моментов спроведуваат истрага, пренесува РТЦГ.

Како што се наведува, засега нема податоци за повредени лица.

извор: Makfax