Патничката на италијанскиот крузер за која имаше сомнежи дека е заразена со коронавирус, го нема овој тип на вирус во организмот, изјави портпаролот на италијанското Министерство за здравство.

Ова го потврдија тестовите направени од италијански лекари, пренесе „Ројтерс“.

Околу 6.000 луѓе беа заробени на крузер во италијанскиот град Читавекја, откако една Кинезинка добила треска, поради што се јавил страв дека е заразена со коронавирус.

Неименуван извор изјавил дека жената има благи симптоми, додека нејзиниот сопруг нема никакви симптоми на болест, објави „Анса“.

Двојката од Макао била тестирана од експерти од римската болница „Спаланчани“, кои се специјалисти за инфективни болести.

извор: Makfax