Пет лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на регионалниот пат Кичево-Македонски Брод, помеѓу автомобил „опел астра“, управуван од М.С.(62) од с.Манастирско Доленци, кичевско и автомобил „фолксваген туарег“, управуван од Ф.Џ.(26) од с.Прегово, прилепско.

Во несреќата М.С се здобил со тешки телесни повреди, а Ф.Џ. и три сопатнички од неговото возило, Ф.С.(30), А.М.(21) и Ф.Џ.(57) се здобиле со телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кичево.

извор: Makfax