Компаниите што се дел од конзорциумот Набуко – Набуко пајплајн интернешаналл, со седиште во Виена, и оние во останатите земји, се наоѓаат во процес на затворање. За оваа цел се потребни 20 милиони евра. На 23 септември е планирана средба на партнерите во конзорциумот.
– Тоа се уште не е одлучено – нагласи австриската компанија О Ем Вии, одбивајќи подетално да коментира за ова прашање.
За да се спроведе контролирано затворање, конзорциумот Набуко ќе добие кредит од О Ем Вии и романската Трансгазз во вредност од над 7,5 милиони евра. Освен Трансгазз и О Ем Вии, во конзорциумот учествуваат турската компанија Боташ, унгарската група МОЛ, бугарската Булгаргазз и француската Же де Еф.

Гасоводот Набуко на кој се работеше 10 години требаше да пренесува гас од Каспискиот регион до Европа намалувајќи ја зависноста од руските испораки. Кон крајот на јуни конзорциумот Шах Дениз се откажа од овој проект давајќи му предност на конкурентскиот Трансјадрански гасовод ТАП.