На вонредните локални избори во Штип се забележани низа нерегуларности.

Како што дознава Курир, на гласачките места нема полиција која треба да обезбеди непречено одвивање на изборите, а партиски активисти со коли носат граѓани на гласање.

На дел од избирачките места при влез за гласањето се забележани и имиња на дел од партиите за кого треба да се гласа, со што директно се крши изборниот молк.

Имено ниската излезност создава нервоза кај партиските активисти кои ги носат гласачите со автомобили на избирачките места, велат сведоци.

Она што дополнително ја нарушува процедурата е и тоа што партиски активисти стојат на пола метар од самите кутии за директно да ги контролираат гласачите

Полиција речиси и да нема на избирачките места, додека внатре тече незаконски гласањето, велат нашите сведоци за Курир.

Инаку денеска вонредни локални избори се одржуваат во Штип и Пласница.

Извор: Курир