Роберто Гарсија Парондо по завршување на минатата сезона во која како главен стратег на Вардар успеа да ја освои титулата во Лигата на шампионите и да го одбрани тронот во СЕХА-лига, одлучи да замине од Скопје и да ја прифати понудата на Египет.
Шпанскиот стратег стана селектор на земјата која до година ќе биде домаќин на Светското првенство и брзо потврди дека има голем квалитет и дека златниот медал со Вардар не е случајност. Парондо вечерва со Египет го совлада Тунис 27-22 (15-11 )во финалето на шампионатот на Африка и обезбеди директно место на ОИ. До златниот медал дојде перфектно без пораз.