Двајца кумановци се казнети со парични казни во износ од по 1.000 евра поради непочитување на полицискиот час, кој е воведен поради епидемијата на коронавирус.

Како што наведува ОЈО Куманово, обвинетите на 25 март, за време на полицискиот час, со возило се движеле низ градот и со тоа не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за сузбивање на заразата со Ковид-19.

За стореното кривично дело, јавниот обвинител на Основниот суд во Куманово му предложи да изрече парична казна за обвинетите во висина од по 50 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на износ од 20 евра во денарска противвредност.​

извор: Makfax