Парис Хилтон се сврши
Наследничката на синџирот хотели и најпознатата светска џетсетерка Парис Хилтон се сврши со своето момче Парис Латсис, грчки наследник на царство на бродоградилишта, а датумот на венчавката не е познат. Парис Хилтон уште многу одамна изјави дека нејзиниот машки истоименик е првиот маж на кој не му се потребни нејзините пари, а денес вели дека е вљубена и благодарна што пронашла искрена и верна личност”, додавајќи дека тие двајца се создадени еден за друг и дека би можеле да го поминат животот заедно”. Нејзиниот свршеник е повнимателен со изјавите. Тој за Парис вели дека е најубавата личност која било кога ја сретнал. Тие двајца се во врска осум месеци, а веста дека ќе се венчаат ја објавиле на вечерата со скара, на која присуствувале 75 нивни пријатели и членови на семејството.