Иако мајсторите на славниот музеј “Мадам Тисо” во Њујорк верно ја направија копијата на нејзиниот лик од восок, разгалената милионерка не е задоволна. Се пожалила дека можеле да ја облечат во поатрактивна облека, од која би можела да се гледа нејзиниот задник, и им препорача фигурата да ја однесат на фризер и да и ја скратат предолгата коса. Парис моментно има проблеми со лап-топот, кој го загуби за време на преселбата во новата вила, вредна пет милиони фунти, што и го купи новото момче, грчкиот милионер Парис Латсис. Веб-сурферите се надеваат дека во него можеби ќе пронајдат некој нов “порнич”.